1 Петар 3:9-11
1 Петар 3:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакувајте им благослов. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов. „Човек што си го сака животот и сака да доживее многубројни и среќни дни, нека си го варди јазикот од зла дума и усните од лага. Од злото настрана нека се држи добро нека прави, кон мир нека се стреми и за мир нека работи.
1 Петар 3:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов. „Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази јазикот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги. Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него
1 Петар 3:9-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, зашто сте повикани за тоа, за да наследите благослов. Зашто „кој сака да го љуби животот и да види добри денови, нека го воздржи својот јазик од зло и своите усни од измамливо зборување; нека се отстрани од злото и нека прави добро, нека бара мир и нека го следи