Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 3:13-18

1 Петар 3:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ако ревносно правите добро, кој ќе ви напакости? Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството. Почитувајте Го Христос од се срце, како свој Господ. Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера. Одговарајте им на луѓето кротко и со страхопочит. Вашата совест треба да биде чиста. Тогаш оние што зборуваат против вас ќе бидат посрамени од вашето добро поведение, какво што и му прилега на еден следбеник на Христос. Па ако Бог допушти и да страдате, подобро е да страдате поради тоа што вршите добро, отколку да страдате поради зли дела. Па и Христос пострада, кога умре за нашите гревови, еднаш засекогаш. Тој беше безгрешен, но умре за нас грешните, за да не врати кај Бог. Телесно беше убиен, но преку Светиот Дух оживеа.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност