Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 2:11-17

1 Петар 2:11-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата. Однесувајте се достојно меѓу незна­бошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата. И така, покорувајте се на секоја чо­вечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт, било на управители на Негови пра­теници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците! Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе, како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји. Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, имајте страхопочит кон Бо­га, царот почитувајте го!

1 Петар 2:11-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги мои, вие сте привремени жители, туѓинци на оваа Земја. Затоа ве молам да не им се препуштате на телесните страсти, зашто тие војуваат против вашите души. Однесувајте се примерно спрема луѓето кои не Го познаваат Бога. Иако тие ве клеветат дека сте злосторници, кога ќе видат дека вршите добри дела, ќе Го прослават Бога во денот кога Тој ќе ги посети. Заради Господ, покорувајте им се на институциите на власта: било на царот, како на врховен владетел, било на управниците назначени од него. Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро. Бог сака со правење добро да ги замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе. Вие не сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло, туку да живеете служејќи Му на Бог. Почитувајте ги сите луѓе. Сакајте ги христијаните, имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта.

1 Петар 2:11-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Возљубени, ве молам: како туѓинци и придојденици да се воздржувате од телесните желби, зашто тие војуваат против душата. Однесувајте се добро меѓу народите, така што токму во она за што ве клеветат како злосторници; врз основа на вашите добри дела, кога ќе ги видат, да Го прослават Бога во денот на посетата. Заради Господа покорувајте ѝ се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро! Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе, како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги! Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!