Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 3:5-27

1 Царевите 3:5-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во Гаваон Господ му се јави на Со­ломон ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.“ Соломон одговори и рече: „Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татко ми Давид; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и пра­ведноста и со искрено срце кон Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој седи на престолот негов, како што е тоа денес; и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татко ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам како да се однесувам. А Твојот слуга е среде Твојот народ што си го избрал, народ толку многу­броен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа. Подари му, пак, на Твојот слуга раз­умно срце за да му служи на Твојот на­род и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?“ Мило Му беше на Господ што Соломон го побара тоа. Господ му рече: „Затоа што го по­бара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги по­бара душите на твоите непријатели, ту­ку си побара разум за да умееш да судиш, – Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе; и она што не го побара, Јас ти го давам, – и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе меѓу царевите во сите твои денови; и ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги про­должам и твоите дни.“ Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана крај ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви за мир и богато ги нагости сите свои слуги. Тогаш дојдоа кај царот две жени блудници и се исправија пред него. И едната жена рече: „О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една куќа, и родив кај неа во таа куќа; а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куќата кај нас немаше ниту еден човек од надвор; само ние двете бевме во куќата. Преку ноќта умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него; а таа преку ноќта станала, го зела мојот син од мене, додека јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради. Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син што го бев родила.“ Другата жена рече: „Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.“ А таа ѝ велеше: „Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.“ И се препираа така пред царот. Царот тогаш рече: „Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрени­от; а онаа говори: Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.“ Потоа царот рече: „Дајте ми меч!“ И му донесоа меч. И тогаш царот рече: „Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.“ И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата неј­зина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: „О, господаре мој! Дајте ѝ го тоа дете живо и не го убивајте.“ А онаа другата рече: „Не­ка не биде ни мое, ни твое, сечете го!“ И царот проговори и рече: „Дајте ѝ го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.“

1 Царевите 3:5-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон. Бог рече: „Барај што да ти дадам.“ Соломон одговори: „Многу наклонет беше кон Својот слуга Давид, мојот татко, зашто одеше пред Тебе во верност, справедливост и чесност на своето срце; и му ја запази таа голема милост и даде еден од неговите синови да седи на неговиот престол. Сега, о Господи, ти го направи цар Својот слуга на местото на мојот татко Давид, а јас сум уште сосем млад, та уште не знам да владеам. Твојот слуга е сред народот што си го избрал; народ броен што не може ни да се изброи ни да се опфати со попис. Дај му на Својот слуга проницливо срце за да може да му суди на Твојот народ, да разликува добро од зло, зашто кој би можел да управува со Твојот народ кој е толку голем!“ На Господа Му беше мило дека Соломон молеше за тоа. Затоа Господ му рече: „Зашто го бараше тоа, а не посака ни долг живот, ни богатство, ниту смрт за своите непријатели, туку проницливост во пресудувањето на правдата, еве ќе направам според твоите зборови: ти давам мудро и разумно срце, какво што немал никој пред тебе ниту ќе го има некој по тебе, но ти давам и што не бараше: богатство и слава каква што нема никој меѓу царевите. И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.“ Соломон се разбуди, и ете: тоа беше сон. Тој се врати во Ерусалим и застанаа пред Ковчегот на Божјиот Завет; принесе паленици и помирителни приноси, и им приреди гозба на сите свои слуги. Тогаш дојдоа кај царот две блудници и застанаа пред него. И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата. А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата. Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него. И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене, додека твојата слугинка спиеше, и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене. А кога утрото станав да го надојам својот син, ете: тој беше мртов! И кога погледнав внимателно, разбрав: тоа не е мојот син кого што јас го родив!“ Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!“ А првата ѝ одговори: „Не е вистина! Твој син е оној кој е мртов, а мојот е оној што е жив!“ И така се препираа пред царот. А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’ Донесте меч!“ нареди царот. И донесоа меч пред царот, а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте ѝ половина на едната, а половина на другата.“ Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека ѝ биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!“ А онаа - другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!“ Тогаш царот проговори и рече: „Дајте ѝ го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка.“