Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 2:1-46

1 Царевите 2:1-46 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соло­мон, велејќи: „Еве, јас заминувам по патот на сите смртни, а ти биди храбар и човек, и чувај го заветот на Господ, твојот Бог, одејќи по Неговите патишта и да ги чуваш повелбите Негови и запове­дите Негови, судовите Негови и зако­ните Негови, како што е напишано во Мојсеевиот закон за да бидеш благораз­умен во сѐ што и да правиш и насекаде, каде и да се свртиш, та Господ да го исполни зборот Свој што го беше кажал за мене, велејќи: ‚Ако твоите синови ги чуваат патиш­тата свои за да одат пред Мене во вис­тината од сѐ срце и од сета душа, нема да недостига човек од тебе на Израе­ловиот престол.‘ Но ти знаеш што ми направи Саруевиот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израелската војска, со Нировиот син Авенир и со Јетеро­виот син Амаса, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во војна, и со борбена крв го искрвави појасот на крс­тот свој и обувките на нозете свои; а ти постапувај според својата муд­рост, и не оставај го да умре спокојно од старост. А на синовите од галаадчанецот Верзелиј направи им милост, и нека би­дат меѓу оние што се хранат на твојата трпеза, бидејќи ми излегоа во пресрет, кога бегав од братот твој Авесалом. Ете, со тебе е и Семеј, синот на Ве­нијаминецот Гера од Бахурим; тој ме колнеше со тешки клетви, во денот кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет кај Јордан, и јас Му се заколнав во Господ, велејќи: нема да те погубам со меч. Но ти не го оставај неказнет, би­дејќи си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него за да ја симнеш не­говата седа глава окрвавена во пе­колот.“ И потоа Давид почина кај татков­ците свои и беше погребан во Давидо­виот град. А Давид царуваше над Израел четириесет години: во Хеврон царува­ше седум години и во Ерусалим царуваше триесет и три години. Тогаш Соломон седна на престолот на татко си Давид, и царството негово се зацврсти многу. А Адонија, Агитиниот син, дојде кај Витсавеја, Соломоновата мајка. Таа го праша: „Со мир ли си дојден?“ Тој одговори: „Со мир.“ И тој рече: „Имам нешто да ти ка­жам.“ Таа му рече: „Кажувај.“ Тогаш тој продолжи: „Ти знаеш де­ка царството ми се паѓаше мене, и сиот Израел ги свртуваше погледите кон ме­не, како кон иден цар; но царството отиде од мене и се падна на братот мој, бидејќи тоа беше од Господ. Сега те молам за едно: не ми отка­жувај.“ Таа му рече: „Говори.“ И тој пак продолжи: „Те молам проговори му на царот Соломон, би­дејќи тој нема да ти откаже, да ми ја даде за жена Сунамитката Авишага.“ Витсавеја одговори: „Добро, јас ќе зборувам со царот за тебе.“ И Витсавеја влезе кај царот Соло­мон да му говори за Адонија. Царот стана пред неа, ѝ се поклони и седна на престолот свој. Поставија престол и за царевата мајка, и таа седна десно од него; и рече: „Имам една молба кон тебе, не ми откажувај.“ А царот ѝ одговори: „Барај, мајко, нема да ти откажам.“ Таа рече: „Дај му ја Сунамитката Авишага за жена на братот твој Адо­нија.“ Тогаш царот Соломон одговори и ѝ рече на мајка си: „А зошто ја бараш Сунамитката Авишага за Адонија? По­барај го за него и царството, бидејќи тој ми е поголем брат, а откај него се и свештеникот Авијатар и Саруевиот син Јоав.“ И царот Соломон се заколна во Гос­под, велејќи: „Нека Господ ми испрати голема казна и уште повеќе да ми додаде, ако Адонија не ги кажал тие зборови по цена на душата своја. А сега – се колнам во Господ, Кој ме зацврсти и постави на престолот од мојот татко Давид и Кој ми основа дом, како што беше говорел Тој, – сега Адонија треба да умре.“ И царот Соломон го испрати Јахо­јадаевиот син Ванеја, кој го удри и тој умре. На свештеникот Авијатар царот му рече: „Оди си во Анатот на нивата сво­ја; ти заслужуваш смрт, но сега нема да те погубам, бидејќи си го носел ков­чегот на Господ Бог пред татко ми Давид, и си трпел сѐ што трпел и татко ми.“ И Соломон го отстрани Авијатар од Господовото свештенство, и се ис­полни словото на Господ што го беше кажал за домот на Илиј во Силом. Дојде глас за тоа до Јоав, – бидејќи Јоав ја држеше страната на Адонија, а не ја држеше страната на Соломон, – и Јоав избега во Господовата скинија и се фати за роговите на жртвеникот. Му соопштија на цар Соломон дека Јоав избегал во Господовата скинија и дека е кај жртвеникот. Соломон го ис­прати Јахојадаевиот син Ванеја, велеј­ќи: „Оди, убиј го.“ Ванеја дојде во Господовата скинија и му рече на Јоав: „Вака кажа царот: излегувај.“ А тој одговори: „Не, јас са­кам тука да умрам.“ Ванеја му го сооп­шти тоа на царот, велејќи: „Така рече Јоав и така ми одговори.“ Царот му рече: „Направи како што рекол тој: убиј го и погреби го, и пролеаната невина крв од Јоава ќе ја измиеш од мене и од домот на татко ми; Господ нека ја сврти крвта негова врз неговата глава, поради тоа што уби двајца невини мажи подобри од него: тој го погуби со меч, без знаење на тат­ко ми Давид, Нировиот син Авенир, воен началник израелски, и Јетеровиот син Амаса, воен началник јудејски; нека се сврти крвта нивна врз главата на Јоав и врз потомството негово засекогаш, а на Давид, и на потомството негово, и на домот негов, и на престолот негов нека биде мир од Господ засекогаш!“ И отиде Јехојадаевиот син Ванеја, го удри Јоав и го уби; и тој беше погребан на неговиот имот во рамнината. Тогаш царот Соломон го постави Јехојадаевиот син Ванеја над војската место него. Свештеникот Садок, пак, царот го постави место Авијатар. Царот испрати, та го повика Семеј и му рече: „Изгради си дом во Еру­салим и живеј тука и никаде не излегувај оттука; и знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе го минеш потокот Кедрон, бездруго ќе умреш; крвта твоја ќе ти биде врз твојата глава.“ А Семеј му рече на царот: „Добро, како што заповеда мојот цар господар, така ќе направи твојот слуга.“ И Семеј живееше во Ерусалим тие години. Но по три години се случи, двајца од Семеиевите слуги избегаа кај гат­скиот цар Анхус, Мааховиот син. И му јавија на Семеј, велејќи: „Ете, твоите слуги се во Гет.“ Семеј стана, го оседла магарето и тргна за Гет кај Анхус да ги бара слу­гите свои. Семеј се врати и ги доведе своите слуги од Гет. И го известија Соломон дека Семеј одел од Ерусалим во Гет и се вратил. Тогаш царот испрати да го пови­каат Семеј и му рече: „Нели ти се за­колнав во Господ и нели ти соопштив, велејќи: знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе отидеш некаде, бездруго ќе умреш? И ти ми одговори: добро. Па зошто не ја запази заповедта што ти ја дадов пред Господ со клетва?“ Уште му рече на Семеј царот: „Ти го знаеше и го знае срцето твое сето зло што си му го направил на татко ми Давид. Туку Господ нека ја сврти злобата твоја врз твојата глава! А цар Соломон да биде благословен и Давидовиот престол да стои цврсто пред Господ засекогаш!“ И царот му заповеда на Јехојадае­виот син Ванеја, и тој отиде, та го удри Семеј, и тој умре.