Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 18:41-46

1 Царевите 18:41-46 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Илија му рече на Ахав: „Оди, јади и пиј, зашто се слуша шум од дожд.“ Ахав отиде да јаде и да пие, а Илија се искачи на врвот од Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето меѓу колениците свои и му рече на слугата свој: „Оди и погледни кон морето.“ Тој отиде, по­гледна и рече: „Ништо нема.“ Тој пак рече: „Направи го тоа седумпати.“ На седмиот пат слугата рече: „Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка.“ Тој му рече: „Оди, ка­жи му на Ахав: ‚впрегни ја колата своја и тргнувај за да не те испревари дож­дот.‘“ Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да паѓа силен дожд. Ахав тогаш седна во колата, и тргна за Јизреел. А раката Господова беше врз Или­ја. Тој го препаша крстот свој и трчаше пред Ахав дури до Јизреел.

1 Царевите 18:41-46 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Илија му рече на Ахава: „Оди горе, јади и пиј, зашто го слушам шумењето на дождот.“ Додека Ахав отиде горе да јаде и да пие, Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата и го скри лицето меѓу колената. Потоа му рече на својот момок: „Оди горе и погледај кон морето.“ Тој отиде горе, погледна и рече: „Тука нема ништо!“ Илија одговори: „Врати се седум пати.“ Но на седмиот пат момокот рече: „Ене облак, мал како човечка дланка, се дига од морето.“ Тогаш Илија рече: „Оди, кажи му на Ахава: ‘Впрегнувај и слегувај за да не те фати дождот.’“ Одеднаш небото се смрачи од облаци и виор, и падна силен дожд. Ахав се качи во колата и отиде во Езраел. Господовата рака беше над Илија, та тој, откако се препаша, отрча пред Ахава сѐ до во близината на Езраел.