Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Јован 5:1-13

1 Јован 5:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го љуби Оној Кој родил, Го љуби и Оној, родениот од Него. По ова знаеме дека ги љубиме че­да­та Божји, кога Го љубиме Бога и ги из­вршуваме Неговите заповеди. Бидејќи љубовта кон Бога се состои во ова: да ги пазиме заповедите Негови, а Неговите заповеди не се тешки. Зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот – верата наша. Кој го победува светот, ако не оној кој верува дека Исус е Син Божји? Оној, Кој дојде преку вода и крв (и преку Духот), Тој е Исус Христос – не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистина. Зашто Тројца се, Кои сведочат (на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. И Тројца се, Кои сведочат на земјата:) духот, водата и крвта; и тие три се во едно. Ако го примаме човечкото све­доштво, Божјото сведоштво е по­го­лемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син. Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син. А сведоштвото е тоа дека Бог ни да­рувал живот вечен; и тој живот е во Не­говиот Син. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот. Ова ви го напишав вам, кои верува­те во името на Синот Божји, за да зна­­­ете дека имате живот вечен и да верува­те во името на Синот Божји.

1 Јован 5:1-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо чедо. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите чеда. По што знаеме дека ги сакаме Божјите чеда? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди. Да Го сакаме Бога значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме. Секој што е препородено Божјо чедо може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос. Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!? Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува. Значи постојат тројца сведоци: Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат. Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син. Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син. Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син. Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот. Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.

1 Јован 5:1-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Секој, кој верува дека Исус е Христос, роден е од Бога; секој, кој го љуби Родителот, го љуби и оној, кој е роден од Него. По тоа познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бога и ги пазиме Неговите заповеди. Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки, зашто сѐ што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера. Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син? Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв, Исус Христос; не само со водата, туку со водата и со крвта; и Духот е Оној Кој сведочи, зашто Духот е вистината. (Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно). И тројца се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта, и овие три се согласни. Ако го примаме сведоштвото на луѓето, Божјото сведоштво е поголемо. А ова е Божјото сведоштво, дека сведочеше за Својот Син. Кој верува во Божјиот Син, го има сведоштвото во себе; кој не Му верува на Бога, Го направил лажец, зашто не поверувал во сведоштвото, кое Бог го сведочел за Својот Син. И ова е сведоштвото: Бог ни даде вечен живот, и тој живот е во Неговиот Син. Кој Го има Синот, има живот; кој Го нема Божјиот Син, нема живот. Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.