1 Јован 4:9-14
1 Јован 4:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Бог ја докажа Својата голема љубов спрема нас, испраќајки Го на овој свет Својот единствен Син, за ние да добиеме вечен живот преку Него. Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови. Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг. Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас. Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас. Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека небесниот Татко Го испрати Синот, Исуса, да биде Спасител на светот.
1 Јован 4:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши. Возљубени, кога така нѐ возљуби Бог, тогаш и ние сме должни да се љубиме еден со друг. Бога никој никогаш не Го видел. Ако се љубиме еден со друг, Бог пребива во нас и љубовта Негова е совршена во нас. Дека ние пребиваме во Него и Тој во нас, знаеме по тоа што ни дал од Својот Дух. И ние видовме и сведочиме дека Отецот Го испрати Синот како Спасител на светот.
1 Јован 4:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во тоа ни се откри Божјата љубов, кон нас, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него. Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нѐ возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови. Возљубени, ако Бог нѐ возљуби така, и ние треба да се љубиме еден со друг. Бога никој никогаш не Го видел; ако се љубиме еден со друг, Бог останува во нас и Неговата љубов стана совршена во нас. По тоа познаваме дека остануваме во Него и Тој во нас, што ни дал од Својот Дух. И ние гледавме и сведочевме дека Бог Таткото Го испрати Синот како Спасител на светот.