1 Јован 4:17-19
1 Јован 4:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден. Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов. Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв не засака.
1 Јован 4:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Љубовта во нас се усовршува затоа за да имаме смелост на судниот ден; бидејќи, како што е Тој, така сме и ние во овој свет. Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта. Ние Го љубиме, бидејќи Тој отпрвин нѐ возљуби.
1 Јован 4:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нѐ возљуби нас.