1 Јован 4:15-18
1 Јован 4:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога. Сега знаеме колку многу Бог не сака и имаме доверба во Него. Бог е љубов! Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него. Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден. Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.
1 Јован 4:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој – во Бога. И ние ја познавме љубовта, која Бог ја има кон нас; и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог – во него. Љубовта во нас се усовршува затоа за да имаме смелост на судниот ден; бидејќи, како што е Тој, така сме и ние во овој свет. Во љубовта страв нема, туку совршената љубов го изгонува стравот, бидејќи стравот подразбира казна. Кој се плаши, не е совршен во љубовта.
1 Јован 4:15-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако некој исповеда дека Исус е Син Божји, Бог останува во него и тој во Бога. И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се бои, не дошол до совршенство во љубовта.