1 Јован 3:7-10
1 Јован 3:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој. Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски. Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не постапува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.
1 Јован 3:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Чеда Божји, не допуштајте некој да ве заведе! Праведен е оној што постапува праведно, онака како што постапуваше Исус. А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот. Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши. Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.
1 Јован 3:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен. Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот. Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога. По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.