1 Јован 3:16-20
1 Јован 3:16-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани. Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне? Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот. Така ќе знаеме дека сме на страната на вистината, и ќе ја имаме неопходната увереност кога ќе застанеме пред Бог. Па и кога нашата совест не обвинува, да не забораваме дека Бог е над нашата совест и дека Тој знае се.
1 Јован 3:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата. Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаштија, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов? Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина! И по тоа ќе знаеме дека сме од вистината, и пред Него ќе го увериме своето срце; бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.
1 Јован 3:16-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас; и ние сме должни да ги положиме своите животи за браќата. А кој има светски блага и го види брата си во немаштина, па го затвори своето срце кон него, како ќе остане Божјата љубов во него? Дечиња мои, да не љубиме со зборови или само со јазикот, туку во дело и вистина. По тоа ќе познаеме дека сме од вистината, па ќе ги увериме своите срца пред Него, зашто кога нашето срце нѐ осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.