1 Јован 3:1-2
1 Јован 3:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Погледнете колкава голема љубов покажа небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу не засака, што не прифати како Свои чеда и ние сега навистина сме Божји чеда! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не не препознаваат како Божји чеда. Драги мои, ние веќе сега сме Божји чеда, но не можеме ни да си замислиме што ќе станеме допрва! Сепак знаеме дека кога Христос повторно ќе дојде, ќе станеме слични на Него, бидејќи ќе Го видиме онаков каков што Тој навистина е.
1 Јован 3:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него. Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е.
1 Јован 3:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца. А тоа и сме! Затоа светот не нѐ познава нас, зашто не Го позна Него. Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е.