1 Јован 2:27-29
1 Јован 2:27-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што се однесува до вас, вие сте просветлени од Светиот Дух и, се додека Тој Дух живее во вас, нема потреба никој да ве учи за тоа што е вистина, а што не. Светиот Дух ве учи за се, и се што Тој ве учи е вистина, а не лага. Држете се до Него и до она што Тој ве научи. А сега, чеда Божји, останете во единство со Христос, за да не се посрамиме при Неговото повторно доаѓање, туку да излеземе пред Него со крената глава. Знаете дека Исус е праведен, затоа треба да знаете дека секој што постапува праведно е Божјо чедо.
1 Јован 2:27-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа. И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се јави Тој, да имаме смелост и да се не посрамиме од Него кога ќе дојде. Кога знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој, кој врши правда, е роден од Него.
1 Јован 2:27-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А вие, во вас останува помазанието што го примивте од Него и не е потребно некој да ве поучува, туку како што Неговото помазание ве учи за сѐ, и е вистинско и не е лага, и како што ве научи, така останете во Него. И сега, дечиња, останете во Него, за да имаме смела доверба кога ќе се јави Тој и за да не се засрамиме пред Него, при Неговото доаѓање. Ако знаете дека Тој е праведен, знајте дека секој кој врши правда, е роден од Него.