1 Јован 2:2-6
1 Јован 2:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тој е помирителната жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет. По што ќе се знае дека сме Божји луѓе? По тоа што ќе се придржуваме до Неговите заповеди! Оној што тврди дека е Божји човек, а не се придржува до Неговите заповеди, тој лаже и само покажува дека вистината не е во него. Само тој што се придржува до Неговото Слово има совршена љубов спрема Бог, и по тоа ќе се знае дека сме Божји луѓе. Оној што тврди дека е Божји човек, треба да го следи примерот на Исус.
1 Јован 2:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
а Тој е жртва за измирување за нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет. По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди. Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина; а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него. Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој.
1 Јован 2:2-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет. И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди. Кој вели: „Го познав“, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него. А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него. Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.