1 Јован 2:15-17
1 Јован 2:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Немојте да го сакате овој свет и она што тој ви го нуди, зашто ако го сакате овој свет, во вас нема љубов спрема небесниот Татко. Тоа што го нуди светот: телесните похоти, желбата да се има се што ќе се види, гордоста заради богатството што се поседува - не е од небесниот Татко, туку од овој свет. А овој свет и световните похоти се краткотрајни; само оној што ја исполнува Божјата волја останува вечно.
1 Јован 2:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот. Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека.
1 Јован 2:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него, зашто сѐ што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.