1 Коринтјаните 3:11-15
1 Коринтјаните 3:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос! Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, со сребро или со скапоцени камења, а друг со дрво, со сено или со слама. Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност. Ако делото издржи, градителот ќе добие награда; ако, пак, делото изгори, градителот ќе се соочи со голема загуба. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!
1 Коринтјаните 3:11-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама, сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого. И, ако делото на оној што ѕидал остане, тој ќе прими награда. А оној чие дело ќе изгори, тој ќе биде оштетен, а самиот ќе се спаси, но како низ оган.
1 Коринтјаните 3:11-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело. Оној, кому ќе му остане тоа што го градел, ќе прими награда; а оној чие дело ќе изгори, тој ќе претрпи загуба, но самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.