1 Коринтјаните 3:10-13
1 Коринтјаните 3:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Користејќи ја дарбата што Бог милостиво ми ја даде, јас, како и секој мудар ѕидар, најпрво го поставив темелот, а други по мене ќе градат врз него. Но секој мора да внимава како ќе гради! Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос! Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, со сребро или со скапоцени камења, а друг со дрво, со сено или со слама. Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност.
1 Коринтјаните 3:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос. Ако некој ѕида врз таа основа со злато, сребро, драгоцени камења, дрва, сено или слама, сечие дело ќе се покаже јасно; судниот ден ќе го покаже; зашто преку оган ќе се открие, и огнот ќе испита какво е делото на секого.
1 Коринтјаните 3:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Според Божјата благодат, која ми е дадена, јас, како мудар градител, ја поставив основата, а друг гради. Но секој да внимава како надградува. Зашто, никој не може да постави друга основа, освен онаа што е поставена, која е Исус Христос. И ако некој врз оваа основа ѕида злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, сечие дело ќе излезе на видело; Денот ќе го покаже, зашто ќе се открие во оган; а огнот ќе покаже какво е чие дело.