1 Коринтјаните 3:1-3
1 Коринтјаните 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги мои, додека бев кај вас, јас не можев да ви зборувам како на духовно зрели христијани. Ви зборував како на телесни луѓе, како на луѓе што во Христовата вера се новороденчиња. Ве хранев со млеко, а не со тврда храна, бидејќи се уште не бевте способни да ја примате. За жал, ни сега не сте способни. Се уште сте телесни, како луѓето од овој свет, штом си завидувате и се карате. Зар со тоа не докажувате дека сте исти како луѓето што не се христијани?
1 Коринтјаните 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, туку како на телесни, како на деца во Христос. Со млеко ве напоив, а не со јадење, зашто уште не можевте да го примите, а и сега уште не можете, бидејќи уште сте телесни. И навистина, штом меѓу вас има завист, кавга и неслога, не сте ли телесни и не живеете ли како обични луѓе?
1 Коринтјаните 3:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И јас, браќа, не можев да ви зборувам како на духовни, но како на телесни, како на младенци во Христа. Со млеко ве напоив, не со тврда храна, зашто уште не можевте да ја поднесувате. А ни сега не можете, зашто сте уште телесни. Не сте ли телесни и не живеете ли како обичните луѓе, штом меѓу вас има завист, спорови и поделба?