1 Коринтјаните 2:10-11
1 Коринтјаните 2:10-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји. Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.
1 Коринтјаните 2:10-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А нам Бог ни го има откриено тоа преку Својот Дух. Божјиот Дух знае се, вклучувајќи го и она што е длабоко во Божјиот ум. Зашто, како што ниеден човек не може да му ги знае мислите на друг човек, освен неговиот сопствен дух, така никој не може да ги знае Божјите мисли, освен Божјиот Дух.
1 Коринтјаните 2:10-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сѐ, па дури и Божјите длабочини. Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух.