1 Коринтјаните 16:15-18
1 Коринтјаните 16:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните. Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него. Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас. Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.
1 Коринтјаните 16:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите. Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди! Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство, зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!
1 Коринтјаните 16:15-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Уште, ве молам браќа, да знаете за Стефановиот дом, дека тој е ахајски првенец и дека тие се посветија да им служат на светите. Покорувајте им се и вие на такви, и на секој што помага во делото и се труди! Се радувам на доаѓањето на Стефана, Фортуната и Ахаика, зашто тие го надоместија вашето отсуство и зашто го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа признавајте ги таквите!