1 Коринтјаните 13:12-13
1 Коринтјаните 13:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог, и се ќе ни стане јасно. Се што знам сега е нецелосно, а тогаш се ќе знам совршено, како што мене Бог совршено ме познава. Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.
1 Коринтјаните 13:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
1 Коринтјаните 13:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.