1 Коринтјаните 12:8-10
1 Коринтјаните 12:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење. Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат. На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.
1 Коринтјаните 12:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто, на еден му се дава преку Духот да зборува со мудрост, на друг – да зборува знаење, преку истиот Дух; на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дарби за лекување, преку истиот Дух; на друг – чудотворства, на друг – да пророкува, на друг – да ги разликува духовите, на друг – разни јазици, на друг – да толкува јазици.
1 Коринтјаните 12:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух; на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух; на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците.