1 Коринтјаните 12:27-31
1 Коринтјаните 12:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сите заедно, вие сте Христово тело, а секој поединец е посебен орган во тоа тело. Во Христовото тело, односно во Црквата, Бог поставил: прво апостоли, второ пророци, трето учители, по нив се оние што прават чуда, па оние што имаат дарба да исцелуваат, па оние што им помагаат на другите, па оние што умеат да управуваат и оние што зборуваат разни јазици. Зар треба сите да бидат апостоли? Треба ли сите да бидат пророци? Зар треба сите да бидат учители? Може ли сите да прават чуда? Може ли сите да имаат дарба да исцелуваат? Треба ли сите да зборуваат на разни јазици? Може ли секој да преведува од друг јазик? Се разбира, не! Стремете се кон поголеми дарби! А јас ќе ви покажам што е неспоредливо подобро од која и да е дарба!
1 Коринтјаните 12:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие сте телото Христово, а поодделно – членови. И некои од вас Бог постави во Црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па за помагање, за управување и за зборување на разни јазици. Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? Сите ли имаат дарба да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи? Стремете се кон поголеми дарби. А сега ви покажувам еден многу повозвишен пат
1 Коринтјаните 12:27-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А вие сте Христово тело, а поодделно, членови. И Бог ги поставил поединците во црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа чудотворни сили, па дарови за исцелување, за помагање, за управување, за разни јазици. Сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? Сите ли имаат дарови за исцелување? Дали сите зборуваат разни јазици? Сите ли се толкувачи? Туку покажувајте ревност за подобрите дарби! А јас ќе ви покажам уште повозвишен пат.