1 Коринтјаните 12:14-18
1 Коринтјаните 12:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Телото не е составено само од еден орган, туку од повеќе органи. Ако ногата рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум рака!“ Дали тоа што е нога, а не рака, е причина да не се смета за дел од телото? Или ако увото рече: „Јас не сум дел од телото, бидејќи не сум око!“ Дали тоа што е уво, а не око, е причина да не се смета за дел од телото? Ако целото тело беше само око, како ќе слушавме? Ако целото тело беше само уво, како ќе чувствувавме мириси? Но Бог го создаде нашето тело со многу органи и ги постави онаму каде што сметал дека им е местото.
1 Коринтјаните 12:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто и телото не се состои само од еден дел, туку од многу. Ако ногата рече: бидејќи не сум рака, не сум дел од телото, зар само заради тоа таа не припаѓа на телото? И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум дел од телото, зар поради тоа увото не припаѓа на телото? Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисот? Но Бог ги наредил деловите, секој од нив во телото така, како што посакал.
1 Коринтјаните 12:14-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто телото не се состои од еден член, туку од многу. Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото,“ тоа не ја прави да не е од телото. И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото,“ тоа не го прави да не е од телото. Ако целото тело би било око, каде би бил слухот? Ако сѐ би било слух, каде би било мирисањето? Но Бог ги поставил членовите во телото; секој еден од нив, како што Му било угодно.