1 Коринтјаните 12:12-13
1 Коринтјаните 12:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело. Нас не има Евреи и припадници на други народи, некои од нас се робови, а некои слободни. Сепак Божјиот Дух сите нас не крсти и од нас направи едно тело. Секој од нас го прими истиот Дух.
1 Коринтјаните 12:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, – така и Христос. Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени.
1 Коринтјаните 12:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, како што е телото едно, а има многу членови, и сите членови на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос: зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух.