1 Коринтјаните 10:16-17
1 Коринтјаните 10:16-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело? Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.
1 Коринтјаните 10:16-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли заедништво со крвта Христова? Лебот, што го кршиме, не е ли заедништво со телото Христово? Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите сме причесници од еден леб.
1 Коринтјаните 10:16-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Чашата на благословот, што ја благословуваме, не е ли заедништво на Христовата крв? Лебот, што го раскршуваме, не е ли заедништво на Христовото тело? Затоа што лебот е еден, и ние кои сме многу, само едно тело сме, зашто сите од еден леб имаме заедница.