1 Коринтјаните 10:12-13
1 Коринтјаните 10:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа, секој што мисли дека е цврст спрема искушенијата, нека внимава да не потклекне. Искушенијата ги сполетуваат сите луѓе, но тие не се над вашите сили. Тој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе отколку што можете да поднесете. А за секое искушение ќе ви покаже излез и ќе ви даде сили да се одбраните.
1 Коринтјаните 10:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне. Друго искушение вас не ве зафати, освен човечкото; но верен е Бог, Кој нема да допушти да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да издржите.
1 Коринтјаните 10:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.