Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4:18-25

Римјаните 4:18-25 MNT

Кога Бог му вети на Авраам дека ќе стане татко на многу народи, Авраам Му поверува, иако тоа изгледаше сосема невозможно. Бог му рече: „Колку што има ѕвезди на небото, толку ќе бидат и твоите потомци!“ На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка. Тој не се посомнева во ветувањето што му го даде Бог. Напротив, верата му зајакна и тој Му донесе слава на Бог. Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил. Затоа тоа му се припиша како праведност. Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам, туку важи и за нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус, Кој беше предаден на смрт за нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 4:18-25