Ние што имаме посилна вера треба да ја поднесуваме слабоста на оние со послаба вера, а не да си угодуваме самите на себе. Секој од нас треба да им угодува на христијаните што се околу него, за нивно добро, за да ги изградува. Ни Христос не си угодуваше Себеси, туку, како што е напишано: „Навредите што беа наменети за Тебе, паднаа врз Мене.“ Се што во минатото е напишано во Светото Писмо, напишано е за ние да се поучиме, да оцврснеме, да се охрабриме и да не губиме надеж. А Бог, Кој е изворот на нашата стрпливост и утеха, нека ви даде слога меѓу вас и секој да го следи примерот на Исус Христос, па сите заедно и сложно да Го прославувате Бога, Таткото на нашиот Господ Исус Христос. Прифаќајте се еден со друг, како што Христос ве прифати вас. Со тоа Бог ќе биде прославен.
Прочитај Римјаните 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 15:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа