Потоа чув глас од небото, кој рече: „Сега дојде спасението и Царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, бидејќи тужителот на Божјите луѓе, кој деноноќно ги обвинува пред нашиот Бог, е исфрлен! Тие го победија преку крвта на Јагнето и со вистината што ја проповедаа, за која храбро ги жртвуваа и сопствените животи. Затоа, нека се весели небото со сите свои жители! А тешко си им на Земјата и на морето, бидејќи Ѓаволот е фрлен кај нив! Тој е силно разгневен, зашто знае дека му преостанува уште само малку време!“
Прочитај Откровение 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 12:10-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа