Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 6:6-13

Maтеј 6:6-13 MNT

А ти, кога ќе се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот невидлив небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно и ќе те награди јавно. Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост. Не бидете како нив, зашто вашиот небесен Татко ги знае вашите потреби уште пред да Го молите за нив. Затоа, молете се вака: ,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име! Нека дојде Твоето царство, нека се извршува Твојата волја овде на Земјата, како што се извршува на небото. Дај ни ја неопходната храна за денешниот ден. Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија. Не оставај да им потклекнеме на искушенијата, но избави ни од Лукавиот‘. (Зашто Тебе Ти припаѓаат и Царството, и силата, и славата, за вечни векови, амин.)

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Maтеј 6:6-13

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност