Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 6:25-33

Maтеј 6:25-33 MNT

Затоа, ви велам, да не ве мачат грижи за неопходната храна и облека кои ви се потребни за живот; зар животот не е повеќе од храна и облека за телото? Погледнете ги птиците во небесниот свод: тие ни сеат, ни жнеат, ниту пак резерви си напластуваат; па сепак, вашиот небесен Татко ги храни. Та зар за Бог вие не сте повредни од нив!? Можат ли сите ваши грижи, макар и за педа да ви го продолжат животот? И зошто се грижите за облекувањето? Погледнете како растат полските цвеќиња: тие не се трудат, ниту предат, па сепак, ви велам дека ни царот Соломон во својата најголема слава не беше накитен како еден полски цвет! А, кога Бог така ја облекува полската трева, која денес ја има, а веќе утре в оган се фрла, зар Тој нема и вас да ве облече? Колку мала вера имате! Затоа, да не ве мачат грижи за тоа што ќе јадете, што ќе пиете и во што ќе се облечете; тоа им е својствено на оние што не Го познаваат Бога, кои се јадосуваат поради овие работи. А вашиот небесен Татко знае дека тие работи ви се неопходни. Вие, пак, грижете се најнапред за Божјото царство и Неговата праведност, а си друго што ви е потребно, ќе ви биде дадено.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност