Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 19:16-22

Maтеј 19:16-22 MNT

Еднаш, кај Исус дојде еден млад човек и го праша: „Добар Учителе, какви добри дела треба да направам за да се здобијам со вечен живот?“ А Исус му одговори: „Зошто ме прашуваш во врска со доброто? Има само Еден што е добар а тоа е Бог. Ако сакаш да добиеш вечен живот, придржувај се кон Божјите заповеди.“ „Кои заповеди?“ го праша човекот, на што Исус му одговори: „Не убивај, не врши прељуба, не кради, не обвинувај лажно; почитувај ги татка си и мајка си и сакај ги своите ближни како себеси.“ Во одговор, младиот човек рече: „Кон сето тоа се придржував; што треба уште да направам?“ Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, тогаш оди и продај си што имаш и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатство на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“ Кога го чу ова, младиот човек си замина разочаран, бидејќи поседуваше голем имот.