Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“ Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“ „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата. Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“ Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“
Прочитај Maтеј 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Maтеј 14:25-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа