Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 9:18-25

Лука 9:18-25 MNT

Еднаш, кога Исус се молеше на тивко место, со Него беа само Неговите ученици. Тогаш Тој ги праша: „За Кого Ме сметаат луѓето?“ Тие Му одговорија: „Едни велат дека си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека си еден од старите пророци кој воскреснал од мртвите.“ „А за Кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти Си Месијата испратен од Бог!“ Тогаш Исус строго им заповеда да не го кажуваат ова никому. Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки, мора многу да страда, отфрлен од старешините, од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне на третиот ден. Потоа Исус им се обрати на сите: „Тој што сака да биде Мој следбеник, треба да се откаже од своите себични амбиции, секојдневно да го носи својот крст и да тргне по Моите стапки. Секој што сака да си го чува животот само за себе - ќе го загуби; а тој што ќе го загуби животот заради Мене - ќе го спаси. Дали е добивка за човекот ако го добие и целиот свет, а себеси се изгуби и упропасти?

Video for Лука 9:18-25

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Лука 9:18-25