Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 2:22-35

Лука 2:22-35 MNT

Кога помина времето на нивното исчистување, согласно со Мојсеевиот Закон, Јосиф и Марија Го донесоа Детето во Ерусалим за да Го посветат пред Господ, како што е пропишано со Законот Господов: ,Секое првородено машко дете да Му биде посветено на Господ.‘ Отидоа да принесат и жртва: две грлици или две гулапчиња, како што се бараше според Господовиот Закон. Во тоа време, во Ерусалим живееше еден човек по име Симон. Тој беше добар и богобојазлив, исполнет со Светиот Дух, и Го очекуваше Месијата Кој ќе го избави Израел. Симон беше добил уверување од Светиот Дух дека нема да умре додека не Го види Месијата, ветен од Господ. Поттикнат од Светиот Дух, Симон дојде во храмот токму кога родителите Го донесоа Детето Исус, за да Го посветат, согласно со она што беше пропишано со Мојсеевиот Закон. Симон Го зеде Детето в раце и упати благодарност кон Бог, велејќи: „Господе, сега можам спокојно да умрам зашто Ти го одржа Своето ветување. Моите очи Го видоа Спасителот, Кого Ти Го испрати за сите народи. Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“ А Јосиф и Марија се восхитуваа од овие зборови искажани за Исус. Тогаш Симон ги благослови, и и рече на Марија, мајката на Детето: „Ова Детенце е избрано од Господ да собори и да подигне мнозина во Израел; ќе биде знак против кој луѓето ќе зборуваат, откривајќи ги така своите тајни мисли. А тебе, тагата како меч ќе ти ја прободе душата.“