Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 17:11-19

Лука 17:11-19 MNT

На Својот пат кон Ерусалим, Исус минуваше по должината на границата меѓу Самарија и Галилеја. Токму кога влегуваше во едно село, Го пресретнаа десет заболени од лепра. Застанаа на извесно растојание и повикаа: ,Исусе! Господару! Имај милост спрема нас!‘ Исус ги погледна и им рече: ,Одете на преглед кај свештениците!‘ Додека одеа таму, оздравеа. Еден од нив, кога виде дека оздраве, се врати кај Исус, славејќи Го Бога на сиот глас. Падна ничкум пред Исусовите нозе и почна да Му се заблагодарува. Тој човек беше Самарјанец. Тогаш Исус рече: „Зар не исцелив десетмина? Каде се останатите девет души?“ Ниеден од нив не се врати да Му заблагодари на Бог, освен овој туѓинец. Потоа Исус му рече: „Стани и оди си, твојата вера те исцели!“

Video for Лука 17:11-19