Набргу потоа, Марија побрза кон еден град во планинските предели на Јудеја. Влегувајќи во куќата на Захарија, се поздрави со Елисавета. Штом Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба се размрда. Елисавета се исполни со Светиот Дух, и гласно рече: „Ти си најблагословена од сите жени и благословено е Детето што е зачнато во тебе! Како токму кај мене да дојде мајката на мојот Господ!? Штом го чув твојот поздрав, детево во мојава утроба се размрда од радост! Благословена си, зашто поверува дека ќе се исполни тоа што Господ го кажал!“ Марија рече: “Душава моја Го слави Господа; извикува од радост мојот дух, заради Бог, мојот Спасител, Кој милозливо си спомна за мене, Неговата ништожна слугинка! Ете, отсега сите поколенија ќе ме нарекуваат ,Благословена‘, зашто големи нешта направи Семоќниот за мене. Свето е Неговото Име, и милосрдието Негово спрема оние што Го почитуваат продолжува од поколение во поколение. Тој ја испружи Својата моќна рака и ги уништи оние што длабоко во себе се гордееја со своите мисли. Ги симна од власт владетелите, а ги возвиши понизните, ги насити гладните со благо, а богатите ги испрати со празни раце. Му дојде на помош на Својот слуга Израел, припомнувајќи си за милоста што им ја вети на нашите предци, за Авраам и за неговото потомство, довека!“
Прочитај Лука 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 1:39-55
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа