Наеднаш, пред Захарија се појави ангел Господов и застана од десната страна на олтарот за кадење. Кога Захарија го забележа, се стаписа и страв го обзеде. Но, ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија! Молитвата ти е услишена! Твојата жена Елисавета ќе ти роди син и ќе му дадеш име Јован. Ќе се радуваш и ќе се веселиш, а и многу други ќе му се радуваат на неговото раѓање. Тој ќе биде голем во очите на Господ и нема да пие ни вино ни жесток пијалак, туку ќе се исполни со Светиот Дух уште во утробата на мајка си. Ќе поттикне многу Израелци да Му се вратат на нивниот Господ Бог. Тој ќе Му биде претходник на Господ Исус со духот и со силата на пророкот Илија, за повторно да ги зближи татковците со децата, да ги врати непослушните кон мудроста на праведните и да ги подготви за Господ оние што Му се наклонети.“
Прочитај Лука 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Лука 1:11-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа