Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 11:32-44

Јован 11:32-44 MNT

Кога Марија дојде до местото каде што беше Исус и кога Го виде, клекна пред Неговите нозе и Му рече: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!“ Кога виде Исус како плачат Марија и Евреите што беа со неа длабоко се натажи и се потресе. „Каде го погребавте?“ - запраша Тој. „Господе“, - Му рекоа тие - „дојди да видиш.“ Исус заплака. Тогаш присутните Евреи говореа: „Види колку го сакал својот пријател Лазар!“ Некои, пак, од нив рекоа: „Зарем Овој Човек што му ги отвори очите на слепиот не можеше да ја спречи смртта на Лазар!?“ Пак длабоко трогнат, Исус дојде до гробот. Тоа беше една пештера чиј влез беше затворен со камен. „Тргнете го каменот!“ - рече Исус. „Господе“, - Му рече Марта, сестрата на умрениот - „четири дена поминаа откако брат ми умре и телото веќе смрди!“ Исус и одговори: „Нели ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава!?“ Тогаш луѓето го тргнаа каменот. Исус го подигна погледот кон небото и рече: „Татко, Ти благодарам што Ми ја услиши молитвата. Јас знам дека Ти секогаш Ми одговараш на молитвите, но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Јас сум Твој пратеник.“ Кога Исус ја заврши молитвата, извика: „Лазаре, излези надвор!“ Умрениот излезе, завиткан со повои околу нозете и рацете, а околу лицето му беше замотана шамија. „Одврзете го и пуштете го да оди!“ - им рече Исус.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 11:32-44