Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 10:7-16

Јован 10:7-16 MNT

Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа. Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците. Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува. Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците. Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене, како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците. Имам и други овци, кои не се од ова стадо. И нив треба да ги приберам, кога ќе го слушнат Мојот глас. Тогаш ќе има едно стадо и еден Пастир.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Јован 10:7-16