Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците. Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува. Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците. Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене, како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците.
Прочитај Јован 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јован 10:11-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа