Слушнете ме сега вие што сте богати! Плачете и лелекајте заради многубројните неволи што ве очекуваат! Гнило е вашето богатство, вашите облеки молци ги изедоа. Вашето сребро и злато ’рѓосаа. Таа ’рѓа ќе биде сведоштво против вас. Ќе ги изеде вашите тела како оган. Напластивте богатство во овие последни денови. Не им плативте на оние што ги косеа вашите ливади и тие неисплатени пари сега викаат против вас, а лелекот на оние што ги жнееја вашите ниви дојде до ушите на Семоќниот Господ. Живеевте раскошно и разуздано на Земјата, си ги угоивте телата како добиток готов за клање. Осудивте и убивте праведни луѓе, кои не можеа да ви се противстават.
Прочитај Јаков 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Јаков 5:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа