Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 6:10-18

Ефесјаните 6:10-18 MNT

На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ. Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот. Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори. Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени. Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста, обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир. Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот. Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово. Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 6:10-18