На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ. Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот. Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори. Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.
Прочитај Ефесјаните 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 6:10-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа