Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 1:15-21

Ефесјаните 1:15-21 MNT

Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас. Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно. Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ, колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна. Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 1:15-21