Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1:13-20

Колосјаните 1:13-20 MNT

Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите. Христос е над се Христос е видлива слика на невидливиот Бог. Тој постоеше уште кога Бог ништо не беше создал. Преку Христос Бог ги создаде сите нешта и на небото и на Земјата: тоа што се гледа и тоа што не се гледа, сите престоли и власти, сите владетели и властодршци, се беше создадено преку Него и за Него. Тој постои пред се и ги одржува сите нешта. Христос е глава на Црквата, која е Негово тело. Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите, зашто Бог одбра во Него во целост да се всели Божјата природа и преку Него да ги помири со Себе сите, било да се на Земјата, или на небото, воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Колосјаните 1:13-20