Со овие, и со многу други зборови Петар им проповедаше и ги повикуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“ Во тој ден околу три илјади души искрено ги прифатија неговите зборови, па се крстија и се приклучија кон христијаните. Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви. Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази. Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко. Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби. Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце. Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.
Прочитај Дела Ап. 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела Ап. 2:40-47
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа