Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 11:23-27

2 Коринтјаните 11:23-27 MNT

Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт! Петпати сум камшикуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик! Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море. Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен сум на опасности од лажни пријатели. Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.